2011 г. Меѓународна година на шумите
Шумите покриваат една третина од површината на Земјата. Тие се дом на повеќе од половина копнени видови животни и стотици милиони човечки суштества. Шумите обезбедуваат приходи за секој четврти човек. Тие обезбедуваат храна за скоро 7 милијарди луѓе на Земјата, а исто така и воздухот што го дишеме и лековите што ги користиме. А сепак, ние не знаеме многу за нив и за нив не се грижиме со радост и покрај тоа што поголемиот број од нив се во опасност.
2011 г. е прогласена за меѓународна година на шумите од страна на Обединетите нации. Тоа претставува можност да ги откриваме, повторно да ги откриваме, да ги славиме, да им се радуваме, да ги опишуваме, да ги заштитуваме и да ги користиме овие екосистеми на поодржлив начин. Овие екосистеми се појавиле пред стотици милиони години пред појавата на првите хуманоиди, а сега ние претставуваме закана за нив.
Шумите не треба да се уништуваат: низ целиот свет, мажи и жени се борат да ги спасат. Граѓани, научници, политичари и бизнисмени нѐ предупредуваат за заканите со кои се соочуваат шумите и предлагаат алтернативи за нивна заштита. Оваа година исто така ќе овозможи да се поздрават нивните иницијативи и нивните напори.
Во GoodPlanet Foundation (Фондација ДобраПланета) со која претседава Yann Arthus-Bertrnad (Јан Артус-Бертранд), работиме кон оваа цел преку нашите програми за подигање на свеста, меѓу кои и програмата Action Carbone (Програма за намалување на емисијата на штетни гасови), која беше иницирана со цел да се заштитат 510 000 хектари во Мадагаскар. Оваа година сакаме да направиме уште повеќе работи, а различните иницијативи можете да ги откриете на оваа веб страница. Овие иницијативи беа замислени како покана, зборовите на турскиот поет Назим Икмет да се преточат во акција, „Да живееш како дрво, осамено и слободно. Да живееме како браќа, како дрвја во шума“.
Оваа веб страница беше подготвена со поддршка од Yves Rocher Foundation (Фондација Ив Роше), Global Environment Facility (Глобални еколошка програма, Forest Carbon Partnership Facility (Партнерска програма за намалување на штетни емисии на гасови) и Еколошката програма наОбединетите нации, која Yann Arthus-Bertrnad го прогласи за Амбасадор на добра волја.